Леќа: совршен извор на протеини

(Oвој напис е објавен на: August 22, 2019)

Во 100 грама леќа се наоѓаат по 9 грама белковини, кои ја јакнат мускулната маса и овозможуваат правилно работење на организмот. Покрај тоа, леќата е богата и со влакна, кои го подобруваат варењето и го намалуваат високото ниво на холестерол. Tаа е богата и со  Б витаминот и со јагленохидрати, кои го снабдуваат телото со потребната енергија и кои долготрајно го заситуваат.

На пазарите можат да се најдат неколку видови леќа, кои се наменети за различни видови јадења.

Зелената леќа има благ вкус на црн пипер. По термичка обработка останува al dente, па затоа се смета за идеален избор за во различни салати. Пред варењето, пожелно е да отстои некое време во вода, а потоа се обработува термички околу 45 минути.

Жолтата леќа бара куса термичка обработка, односно околу 20 минути. Добро оди со ориенталните зачини како што се куркумата, карито и кајенскиот црн пипер. Од него се прават варива, сосови и намази.

Црвената леќа има благ и лесно слаткаст вкус, а се вари мошне брзо – за за 15 – 20 минути. Со оглед на тоа што е лесно многу да се развари по термичка обработка, се користи за згуснување супи и различни варива. Од него многу лесно се прават пире и сос.

Кафеавата леќа е многу флексибилна намирница. Одлично се комбинира со маслиново масло и домати, поради што може да се користи за подготовка на се – од намази и сосови, до салати и варива. Во просек, се вари околу 45 минути.

Црната леќа одговара со лук и со горчлив зеленчук. Бара долготрајна термичка обработка, односно варење од минимум 30 – 40 минути.

 


 

novalek.mk

Share Button