fbpx
ВестиВино

Летото започна: Рецепти за 6 коктели со вино

Летото пристигна, а освежителните коктели се нешто кое секој од нас би сакал да го има до себе во топлите летни денови.

letoto zapochna recepti za 6 kokteli so vino

 

Коктелите се одличен начин да ја изгасите жедта и да се освежите, особено ако тие се направени од свежо овошје и вашето омилено вино.

Следните рецепти ќе ви дадат идеи како да направите освежителни коктели од вино и сезонско овошје.

Коктел од јагоди и праска

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-02

Состојки:

  • 750ml бело вино
  • 2 праски (излупени, без семки, исечени на парчиња и замрзнати)
  • 2 чаши јагоди (исечени на мали парчиња и смрзнати)

Начин на подготовка:

Измешајте во блендер 2 чаши вино и исечените праски.

Потоа истото направете го со јагодите и преостанатото вино.

Ставете ги двете смеси во фрижидер, вадејќи ги и мешајќи ги на секои 15 минути, сè додека не забележите дека станале помалку течни.

Наполнете ја чашата до половина со едната смеса, а потоа додадете ја другата. Декорирајте со малини, капини или парчиња друго овошје.

Белини

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-03

Состојки:

  • 5 праски
  • 750 ml пенливо вино

Начин на подготовка:

Излупете ги праските и отстранете ги семките.

Ставете ги во блендер и убаво измешајте.

Наполнете ја чашата до пола со смесата и додадете вино или шампањ.

Декорирајте со парче праска.

Коктел од шумско овошје

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-04

Состојки:

  • 50g замрзнати малини, капини, боровиники…
  • 750ml црвено вино
  • 1 чаша лимонада
  • 1 лажица шеќер (по вкус)

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Добиената смеса ставете ја во замрзнувач најмалку 6 часа.

Смрзнатата течност ставете ја кратко во блендер, колку да се исечка и претурете ја во чаша, декорирајќи со малини, капини, боровинки и лист нане.

Коктел од боровинки

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-05

Состојки:

  • 750ml бело вино
  • 4 чаши смрзнати боровинки
  • 200g сладолед (најдобро одговара ванила)
  • 100ml сируп (по избор)

Начин на подготовка:

Ставете ги во блендер боровинките, виното и сладоледот и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Додадете го сирупот.

Послужете во изладени чаши.

Овошен коктел

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-06

Состојки:

  • 150g замрзнати јагоди
  • 5 замрзнати праски
  • 150g замрзнато грозје
  • 2 чаши бело вино

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека на добиете хомогена смеса.

Послужете во чаша, украсувајќи со парче овошје.

Сангрија

Kokteli-so-vino-za-poubavo-leto-07

Состојки:

  • 300ml црвено вино
  • 70ml бренди
  • 70ml сок од портокал без пулпа
  • 250g замрзнато овошје или бобинки (праски, ананас или мешавина од шумско овошје)

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека на добиете хомогена смеса.

Послужете во чаша, украсувајќи со свежо нане.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close