fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Левица: Наставник по албански јазик е новиот заменик-министер за земјоделство

За нов заменик-министер за земјоделство е предложена Вјолца Бериша професор по албански јазик и литература и предавач по поезија и проза!

Таканаречената реконструкција на неизбраната влада на премиерот Димитар Ковачевски, која вчера се најде во Собранието на Република Македонија, донесе едно непријатно изненадување за сите земјоделци.

Имено, за нов заменик-министер за земјоделство е предложена Вјолца Бериша од Алијанса на Албанците, која по професија е професор по албански јазик и литература и предавач по поезија и проза!

Иако премиерот Ковачевски, бранејќи го влегувањето во владата на Алијанса за Албанците и новите кадри од таа партија, изјави дека донесените одлуки за реконструкција на владиниот кабинет не биле мотивирани од тесно партиски интереси, реалноста е дека крајно нестручен кадар е поставен за заменик министерот во едно од најзначајните министерства.

Во услови кога егзистенцијата на земјоделците е загрозена и потребна е сеопфатна национална стратегија, ваквите некомпетентни кадри потврдуваат дека и старо-новиот владин состав нема капацитет да ги надмине предизвиците од економската и енергетската криза.

Ваквите партиски решенија на Алијанса за Албанците потврдуваат дека нивниот влез во Владата е мотивиран само од поделбата на министерски и директорски места и наместо опозиција на корумпираната ДУИ – јасно е дека оваа партија ќе се претопи под ДУИ и наредни избори ќе биде збришана од полтиичката сцена.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close