fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Лош откуп и денеска, се жалат тутунарите

Тутунарите од Пелагонија, Радовишко, Демирхисарско реагираат на ниските откупни цени.

Лошо тече откупот на тутунот денеска, се жалат тутунари на ФБ групата „Македонски тутунари“ од повеќе места од државата. Прва рака тутун се цени 4 класа, малку поголем чист тутун 3 класа, ‘врвот’ дел втора дел 3 класа. Особено се незадоволни од приватните компании за откуп, а наведуваат дека нешто подобар е Тутунски комбинат Прилеп. Пресметките што ги објавуваат потврдуваат дека најголем дел од пакетите им се ценат со 4 и 3 класа.  Некои велат дека тутунот им се купува од 105 до 110 денари за килограм, тоа  како што наведуваат е под реалната цена. Дел од тутунарите дома си ги враќаат пакетите.

-Резил,

-Во Житоше од лошо полошо,

-Уште полошо се цени во Демир Хисар,

-Има резултати сега  е бетер, коментарираат тутунарите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close