fbpx
Вести

Лоши услови за есенската сеидба

Летнета суша премина во есенска. Високите дневни температури и до 25 целзиусови степени и сувото време без врнежи, според агрометеоролозите уште повеќе ќе ја влошат состојбата со есенската сеидба.

Сушата и натаму е најголемата опасност за земјоделците. Последните врнежи донесоа само од 8 до 23 литри дожд на квадратен метар, што не беше доволно и го натопија само површинскиот слој на почвата.

Голема корист немаше, освен што на веќе посеаните површини се овозможи поникнување на есенските посеви.

Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи и оваа недела не очекува топло и суво време со температура на воздухот и до 25 степени, кои не се карактеристични за овој период од годината, а состојбата со есенската сеидба ќе се влоши уште повеќе и ќе се одвива во исклучителни лоши почвени услови.

Сеидбата на есенската пченица и јачмен е сериозно загрозена и тешко се сее на суво, но агрометеорологот Ангелко Ангелески порачува, доколку има можности, сепак треба да се посее и да се чекаат првите врнежи за поникнување.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close