fbpx
ВестиВиноСоветиТоп вести

Лоза која не се прска

За да се произведе здраво и квалитетно трпезно грозје, особено треба да се обрни внимание при избор на сортата. Винските и трпезни сорти значително се разликуваат по нивните морфолошки и производствени карактеристики. Кај винските сорти приоритет му се дава на производствените карактеристики, а естетскиот изглед е помалку важен, додека кај трпезното грозје на прво место се става изгледот на грозјето и бобиците. Пожелно е трпезните сорти да имаат грозд со средени или големи гроздови со големи, овални и издолжени бобици. Исто така многу се цени ако грозјето има мускатна арома.

Во рамките на vitis vinifera постојат многу голем број на трпезни сорти кои се одликуваат со висок квалитет на грзјето, но се осетливи на перноспора и оидијуим. Кај нас најпознати и најодгледувани сорти се: кардинал, мускат хамбург, афузали и италија. Овие сорти се помалки погодни за да се одгледуваат во градина или во области кои се во близина на населени области бидејќи бараат целосна заштита на вегетацијата т.е. од шест до десет прскања. За оваа намена се многу погодни интерспецијес трпезни сорти кои се отпорни или барем толерантни на габични заболувања.

Во последните неколку децении во светот се направени голем број вакви сорти кои имаат различно време на созревање и агробиолошки особини. Некои од нив беа воведени кај нас  и беа тестирани во експериментални овоштарници. Некои од нив покажаа одлични резултати и можат успешно да се одгледуваат со намалена употреба на пестициди или примена на биолошки препарати за заштита. Такви се на пример сортите: ласта, љана, молдавија, страшенски и мускат.

Ласта

Прва домашна трпезна сорта отпорна на мувла. Направена е во Сремски Карловец и призната е како сорта во 1991 година. Созрева приближно во исто време со мускат хамбурт (II епоха). Има добра плодност, отпорна е на пероноспор и осетлива на оидиум.

 

Гроздот е со средна големина, убава структура, големи бобици со бело-жолта боја и крцкава конзистенција. Има пријатен вкус, благо мускатен. Зрелото грозје може да се чува на лозата до првиот мраз, задржувајќи ја својата свежина.

Љана

Новосоздадена молдавска трпезна сорта која рано созрева, почеток на септември. Има средна плодност, отпорна е на пероспора и оидиум. Има средна големина, лабав грост, големи, издолжени, бело-жолти плодови со префинет вкус. Исто така може долго да се чува на лозата без да се промени квалитетот на грозјето.

Молдавија

Сорта со голема и редовна плодност, отпорна е на најважните габични заболувања. Има крупни гроздови и крупни, издолжени, темнно жолти бобици со дебела кожа богата со антоцијани и неутрален вкус. Гројзето добро е за транспортирање и може долго да се чува. Може да се одгледува без хемиска заштита против перноспори, оидиум и мувла или со неколку прскажа кога е влажно.

Страшенско

Молдовска сорта со голема плодност. Интересна е поради големите, крупни гроздови и крупните црни бобици. Погодни се за чардаклии и перголи. Созрева рано, во почетокот на септември, отпорна е на перносопа, а осетлива на прашкаста и сива мувла и ниски температури.

Мускат

Една од најпознатите хибридни трпезни сорти направена во Франција. Има средни по големина гроздови со жолти овални бобици со средна големина со мускатен вкус. На Фрушка Гора созрева во средината на септември. Има голема плодност, ама бобиците созреваат нерамномерно, а зрелите опаѓаат. Отпорна е на пероноспора, а средно отпорна на оидиум и сива мувла.

Овие сорти многу успешно се одгледуваат со едено до две прскања со хемиски средства за време на суво и толно време, а може да се одгледуваат и без прскање. Примената на биолошки препарати во одгледувањето на овие сорти е оправдано.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close