вестиТоп вести

Соработката со земјоделците прави да растеме постојано!

Зелена Берза:

Работата на терен не е лесна, кога се претставува нова пракса, каква што е примената на подобрувачот на почва Тераграмин. Потребно е често присуство помеѓу земјоделците. Што претставува за Вас најголем предизвик при тие средби? И дали земјоделците разбираат каде и зошто се употребува Тераграмин?

Тим Тераграмин:

Земјоделците многу добро знаат и забележуваат во каква состојба се наоѓа почвата која ја обработуваат, но колку внимание посветуваат на нејзиниот квалитет, зависи од многу фактори. Поголемиот број од нив се притиснати од повеќе тешкотии кои се однесуваат на производството, но и пласманот. Во таа трка да се обезбедат услови за производство се насочуваат кон набавка на ѓубрива и заштитни средства, без претходно да влијаат на подобрување на квалитетот на почвата, која е основа за земјоделското производство. Со користење на подобрувачи, каков што е Тераграмин, видно се подобрува капацитетот на почвата да задржува вода и хранливи елементи и се придонесува за поефикасно, поекономично и поеколошко земјоделско производство, што е докажано на терен кај различни култури.

Последните искуства ни покажуваат дека свесноста кај земјоделците за потребата од третирање на почвата расте и се охрабруваат од позитивните ефекти, за кои самите сведочат. На пример земјоделец кој започнал со користење на Тераграмин во подготовка на расад за градинарски култури, продолжува со третирање на површини и апликација на Тераграмин при пресадување на расадот и при одгледување на други кулури на отворено или под фолија. Овој исчекор е направен благодарение на нашето постојано присуство на терен и детално информирање како и практично демонстрирање на ефектите.

Зелена Берза:

Каде се се употребува Тераграмин? И каде се забележани најдобри резултати?

Тим Тераграмин:

Нашиот производ има широка примена во земјоделското производство. Тераграмин го употребуваат земјоделци од сите краишта на државата и за сите култури. Доминантно се користи во оризопроизводство, тутунарство, овоштарство и лозарство, производство на градинарски култури и цвеќарство. Наша намера е секој земјоделец најпрво да научи како да го применува производот при подготовка на расад и за таа цел од оваа година имаме кампања со која сакаме да опфатиме што е можно повеќе земјоделци кои практично ќе стекнат вештина за правилна употреба. Во овој дел сме многу задоволни од соработката со земјоделските аптеки, околу 50-тина во кои се продава Тераграмин, а кои активно се вклучија во анимирање на земјоделци и давање практични совети. Исто така задоволни сме и од прифаќањето на идејата од страна на земјоделците, кои се љубопитни да видат како делува кај расадот. Оние кои имале можност да го користат Тераграмин, понатаму го споделуваат истото со други земјоделци од нивната средина.

Зелена Берза:

На кој начин се применува во расадопроизводството?

Тим Тераграмин:

Зависно од веќе воспоставената пракса за производство на расад кај земјоделецот, дали произведува во леи или контејнери, соодветно на тоа ние го советуваме. на пр. при производство на расад во леи да нанесе рамномерно по 1 кг/м2 површина Тераграмин и добро да го измешаат со почвата, за да не остане на површина. Кај ваквиот начин на производство, земјоделците леата можат да ја користат повеќекратно. Кај контејнерското производство, кога користат готов супстрат, потребно е да помешаат 80% супстрат и 20% Тераграмин. Со оваа смеска се полнат контејнерите и се сее семето.

Зелена Берза:

Што забележуваат земјоделците при примената на Тераграмин кај расадот?

Подготвената почва или смеска со Тераграмин во која се сее семето, позитивно влијае на побрзо проникнување, поради подобрата снабденост со воздух (почвена аерација), зголемената способност за задржување влага (Тераграмин апсорбира 60% течност, се редуцира бројот и количината на наводнувања), подобро се искористуваат хранливите елементи од вештачките ѓубрива или арското ѓубре (се забележува побрз развој), се овозможува подобро оформување на кореновиот систем поради поголемата растреситост на почвата (Тераграмин ја разровкува истата) и се развива здрав расад, спремен за пресадување.

Зелена Берза:

Кои се плановите за Новата 2020 година?

Тим Тераграмин:

Плановите за 2020 година се да бидеме присутни уште поинтензивно на терен меѓу земјоделците, да споделуваме искуства и заедно да напредуваме, да го прошириме тимот со нови луѓе. Планирани се нови проекти и соработки на полето на науката. Ќе посетиме региони на државата во кои во изминатиот период бевме помалку присутни и таму да ја пренесеме пораката дека треба да се грижиме за почвата која не храни, да вложиме најпрво во нејзината подготовка, во креирањето идеални почвени услови, за понатаму да се надеваме на добар принос и квалитетни производи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close