fbpx
ВестиВиноМакедонијаТоп вести

Лозарите бараат договори за откуп на грозјето да се склучат до Свети Трифун

Производителите на грозје од Тиквешијата испорачаа барања до министерството за земјоделство кои се однесуваат на подобар старт на новата производна сезона во лозарството. Бараат винарските да потпишат договори во кои ќе биде утврдена и откупната цена најдоцна до празникот на лозарите Свети Трифун, кога тие симболично започнуваат со лозарските работи за новата производна реколта.

Во писмото исто така се бара, редовна исплата на грозјето согласно закон. Визбите кои нема да склучат договори до празникот, да не смеат да откупуваат грозје и да им се одземе лиценцата за тековната година, а на тие што ќе склучат договори да им се забрани откуп на поголеми количини од договореното.

Здружението „Напредни лозари“ овие барања ги достави во писмо упатено до министерот за земјоделство Трајан Димковски и неговиот заменик, Цветан Трипуновски.

„Нашите барања се многу јасни уште од минатото. Да има една гарантирана цена за откуп и да знаеме што ќе правиме со лозарството. Предвреме да се склучат договори за  Да знаеме како да ги кроиме лозјата, дали да ги пуштаме да раѓаат или да ги оставиме. Сега се двајца министри  од двете политички партии и бараме да ни излезат во пресрет на решавање на  нашиот децениски проблем“ вели претседателот на „Напредни лозари“, Трајче Кулев.

Од Здружението бараат за сите регистрирани индивидуални земјоделци, субвенциите да се зголемат за сто проценти, а со зелена нафта да им се покрие целокупното производство. Сметаат дека во зависност од добиениот одговор на нивното писмо, многу лозари ќе одлучат како ќе гласаат на изборите во април.

„ Мора да се изнајде решение,  бидејќи лозарите се во ситуација да не може да егзистираат со овие досегашни цени. Ако нема договор и подобри цени принудени сме да го оставиме лозарството“ дециден е Кулев.

Цената на винското грозје во Европа е повеќекратно поголема од цената по која се откупува винското грозје на нашиот пазар. Цената на винското грозје кај нас е пониска за повеќе од двојно и од соседството Србија, Албанија, Црна Гора кои не се членки на ЕУ. Цените на репроматеријалите,  ѓубривата и заштитните средства кај нас се повисоки од ЕУ. Вистината е дека на нашиот пазар имаме највисоки цени на репроматеријалите и не најниски,  туку повеќекратно пониски цени на винското грозје. Нашиот пазар претставува црна дупка во Европа, пишуваат од Здружението  и нагласуваат дека минималната откупна цена секоја година треба да се зголемува за минимум по 20 отсто за да се достигне европската цена.

извор:ммс.мк

Слични написи

Back to top button
Close