fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Намалени приносите од органското земјоделство

Надлежните од Комората на органски производители информираа дека приносите во градинарството и овоштарството се намалени

Надлежните од Комората на органски производители информираа дека приносите во градинарството и овоштарството се намалени поради влијанието на климатските промени.

Годинава се карактеризираше со обилни дождови на почетокот и со исклучително високи температури во вториот дел од летото, што резултираше со доцнење на активности на парцелите.

-Ние не употребуваме никакви хемиски средства за заштита, оваа година секојдневно беа дождови кои нè успоруваа не можевме редовно да ги извршуваме активностите на парцелите. Имаше и многу трева, плевел, некои производители воопшто не ги жнееја парцелите, тревата беше поголема отколку културите, изјави претседателот на Комората на органски производители, Драган Цветковиќ.

Интересот за органски производи има. Во регистарот, како што појаснува Цветковиќ, има евидентирано над 700 органско-сертифицирани производители. Најголем дел се во градинарството.

-Ако ги гледаме како потенцијал површини имаме, но проблемот лежи во расцепканоста. Токму поради овој факт не можеме сериозно да ги задоволиме потребите за странскиот пазар, иако стандардите и квалитетот на органските производи од државата ги задоволуваат сите пазари во светот, вели Цветковиќ.

Сепак, од комората додаваат дека граѓаните се свесни за предностите од консумација на органски производи, кои иако не многу поскапи претставуваат вложување во здравјето. Помладата популација се чини дека е посвесна за придобивките, за врската помеѓу исхраната и здравствената состојба на човекот, и тие се поподготвени се да купат здрави производи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close