fbpx
Вести

Лозарите бараат грозјето да се плаќа според шеќерни единици

Лозарите од Тиквешкиот регион бараат грозјето од годинешнава реколта да се плаќа според шеќерни единици, истакна денеска претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев.

-Ги утврдивме нашите предлог цени и плаќање според шеќерност. Колку повеќе малигани, повеќе пари. Така на пример за најзастепаната сорта „смедеревка“ бараме цената за најниска шеќерност од 16 малигани да се откупува по цена од 13 денари. За 17 – 13,8, за 18 – 14,6, за 19 – 15,4, за 20 -16,2, додека за највисока шеќерност од 21 малиган цената да изнесува 17,06 денари за килограм, појасни Кулев.

Според калкулациите на Здружението, цената на „вранецот“ како најзастапена црна сорта на грозје, за 18 шеќерни единици да изнесува 15 денари, за 19 – 15,8, за 20 – 16,6, за 21 – 17,5, за 22 – 18,3 денари за килограм, со постепено зголемување на цената за секоја шеќерна единица, при што за 23 малигани цената според нив треба да достигне до 19,17 денари.

 


 

a1on

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close