НА ТРАКТОР ОД ГЕРМАНИЈА ДО МОСКВА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ

(Oвој напис е објавен на: June 19, 2018)

 

 

Фудбалскиот обожавател Хуберт Вирт, од родниот Форцхаим (Баварија) во Германија, на Светското првенство во фудбал во Русија, тргнал со трактор! Тој веќе си обезбеди посебно место на купот.

Овој 70 годишник, до Москва поминал 2500 километри на машината Lanz Bulldog, модел од 1936 година. Како додаток, тука е и приколката во облик на лименка од пиво.

Низ Полска и Белорусија, поминувал околу 100 километри дневно, возејќи со максимална брзина од 30 километри на час, а Кучето Ханс бил неговиот сопатник. За да стигне до целта, потребен му бил еден месец.

На границата со Белорусија, цариниските службеници биле изненадени и зачудени, а  незнаејќи како да реагираат, го замолиле Хуберт да плати патарина. Сообраќајната полиција во Москва, воодушевена од овој подвиг, на Хуберт му ветила бесплатен паркинг во текот на првенството.

Од шефот на одделот за спорт и туризам во Москва, Николај Галајев во неделата, тој добил влезница за натпреварот Германија – Мексико, кој толку многу сакал да го гледа.

„Кога стигнав во Русија, прашав за можноста да го гледам натпреварот и градските власти од Москва, тоа ми го овозможија. Многу сум им благодарен за тоа“, рекол Хуберт, додавајќи дека најинтересно во целото патување било тоа што имал можност да запознава нови луѓе и да стекнува нови пријателства.

Овој пензионер не го заобиколиле дури ни љубопитните минувачи, на кои со задоволство им излегол во пресрет, овозможувајќи им да се фотографираат покрај тракторот.

„Немав проблеми со руските патишта. Тие се многу слични на германските. Пет пати бев запрен од сообраќајната полиција, но само за да се фотографираме“, изјавил Хуберт за новинарите.

Деновиве, низ светските медиуми се раскажува за неговиот голем подвиг.