fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ноќна берба на грозје за поквалитетно вино

За ноќна берба, аргати бараат 100 денари поскапо отколку за денска, а берењето вообичаено трае помалку часови. Се бере од после полноќ, до изгрејсонце.

Ако грозјето се бере ноќе, ќе се добие поквалитетно вино, велат лозари од Тиквешко. Според Орданче Иванов, сопственик на 12 декари лозје и на мала семејна винарија, регистрирана пред околу една година, при бербата се користат рударски челни ламби.

-Ноќната берба се практикува бидејќи е подобра, тогаш нема сонце и нема оксидација, нема проблеми кои може да се појават при дневен гроздобер. Се препорачува за ароматни бели сорти како „темјаника”, „траминец”, „малвазија”, можеби и за „смедеревка”. Поубаво е виното од ноќна берба зашто грозјето се преработува веднаш по бербата, рече Иванов во чиј лозов насад синоќа се береше „темјаника”.

За ноќна берба, додаде, аргати бараат 100 денари поскапо отколку за денска, а берењето вообичаено трае помалку часови. Се бере од после полноќ, до изгрејсонце. https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close