
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Во Струмица одбележување на Меѓународниот ден на руралните жени
Настанот е под мотото „Жените земјоделки – лидери на одржливото земјоделство и руралниот развој“, а ќе го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.
Националната федерација на фармери (НФФ) денеска во Струмица, со поддршка на ФАО, Шведска и We Effect, организира настан по повод Меѓународниот ден на руралните жени.
Настанот е под мотото „Жените земјоделки – лидери на одржливото земјоделство и руралниот развој“, а ќе го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.
Пред присутните ќе се обратат и Стеванче Јорданоски од НФФ, Рита Колумбиа од ОН, Лоло Дарин од Амбасадата на Шведска, Кристина Митиќ Арсова од ФАО и Сашо Ангеловски од We Effect.
Во рамки на настанот е предвидена и панел-дискусија.




