
Лозарите на мака – трпезното грозје е под 35 денари за килограм, трговците манипулираат со цените
Дали министерот Цветан Трипуновски знае што се случува со асталното, трпезно грозје?, прашуваат лозари
Во сезона на берба на трпезното грозје, производителите се соочуваат со голема мака, зошто трговците на големо нудат срамни цени кои не ги покриваат ни производните трошоци на земјоделците.
Лозарите до Зелена берза испратија реакција со загриженост околу откупот на трпезното грозје.
-Дали министерот Цветан Трипуновски знае што се случува со асталното, трпезно грозје? Многу слаб интерес од трговците и само удираат на пониски цени, па дури нудат цена под 35 ден/кг.! Дали е направена математиката за производна цена на трпезното грозје и по сорти? Дали министерството е запознаено со проблемот на пласман на трпезното грозје и дали има преземено нешто за надминување на проблемот? Ако продолжи вака ќе има масовно напуштање на трпезното лозја и ќе си увезуваме и грозје, реагираат лозаропризводителите до Зелена берза.
Инаку за прв пат МЗШВ во 2023 година предложи поддршка и за произведено трпезно грозје од најмалку 12.000 денари за хектар.