вести

Фитосанитарната инспекција на Србија на преминот Прешево ќе работи и во недела

(Oвој напис е објавен на: март 26, 2018)

inspekcija

Граничната фитосанитарна инспекција на Србија на преминот Прешево од денеска ќе работат седум дена во неделата, наместо шест како досега. Оваа одлука на Србија произлезе од првиот одржан состанок на Мешовитиот комитет на Република Македонија и Република Србија.

Македонското министерство за земјоделство соопшти дека на состанокот било договорено да се усогласи работното време на граничните фитосанитарни инспектори на Македонија и Србија на граничниот премин Прешево-Табановце.

Согласно ова, отсега фитосанитарната инспекција на Србија на граничниот премин Прешево ќе работи од 7 до 19 часот, седум дена во неделата. Српските надлежни служби информираат дека доколку се овозможат услови за ноќна работа на овој граничен премин, ќе има и 24-часовно работно време.

– Оваа одлука е важна за македонските извозници, кои досега не можеа да вршат извоз на производи преку овој граничен премин во недела и ова беше едно од барањето од македонска страна, велат од македонското Министерство за земјоделство.

Оттаму информираат дека Комитетот на двете држави е во постојана комуникација и за останатите отворени прашања поврзани со меѓусебната трговија со цел да се олесни протокот на стоки.

Минатата недела се одржа првиот состанок на Мешовитиот комитет на којшто беше договорено интензивирање на контактите во рамки на Комитетот на експертско ниво во институциите и размена на информации околу конкретни спогодби во делот на трговијата меѓу двете држави.

Од Министерството за земјоделство истакнуваат дека Комитетот треба да ја преиспитува и оправданоста на маркичките на брашното и ќе разговара за евентуално нивно укинување, доколку за тоа се согласат стопанските комори од Македонија и Србија.

Македонската делегација во Комитетот ја претставуваат седум членови од Министерството за земјоделство, Царинската управа, Државниот инспекторат за земјоделство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и стопанственици.

Следниот состанок на Мешовитиот комитет е планирано да се одржи следната недела во Скопје.


 

сител

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close