fbpx
ВестиВино

Лозарите нема да чекаат пролет за да земат пари

Лозарите нема да треба да чекаат половина година за да им го платат винарниците грозјето. Co измените и дополнувањата на Законот за виното, кои Собранието ги изгласа пред неколку дена, еден дел од парите земјоделците ќе ги добијат само три месеци по откупот, а останатите два дела до крајот на април идната година.

lozarite nema da chekaat prolet za da zemat pari

 

„Конечно е направена рамка и прецизирани се три датуми до кои откупувачите имаат обврска да исплатат одредени суми за предадениот род. Се надевам дека овие датуми ќе се почитуваат, a со тоа и ние навреме ќе ги добиваме парите кои ќе можеме да ги инвестираме во развој на лозјата. Во старата законска регулатива беше ставен само еден датум, односно 20 април, заклучно со кој откупувачите требаше да го исплатат откупеното грозје, но ретко кој го почитуваше и најчесто исплатата се одложуваше за уште два до три месеци”, вели Љупчо Аризанов, претседател на здружението „Агротиквешија”.

Новите измени и дополнувањата на Законот за виното предвидуваат исплатата на 3 рати, од кои првата во висина од најмалку 20% најдоцна до 15 декември во годината кога е извршен откупот, втората во висина од најмалку 40% најдоцна до 15 февруари наредната година, и остатокот најдоцна до 30 април наредната година.

Покрај оваа, се предвидува откупувачите што откупуваат винско грозје за извоз, да можат да им го продаваат и на домашните винарници, но само ако целосно ги имаат намирено долговите кон лозарите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close