fbpx
ВестиВино

Лозарите подигаат нови насади, аплицирањето за субвенции е до 30-ти септември

До 30-ти септември лозарите и овоштарите ќе можат да побараат финансиска поддршка за нови насади подигнати од 1-ви јануари до 30-ти септември 2016 година.

lozarite podigaat novi nasadi apliciranjeto za subvencii e do 30ti septemvri

 

Досега, на половина од рокот, веќе се јавиле повеќе од 80 земјоделци за вкупна сума од скоро 14 милиони денари, додека на огласот на почетокот од годинава имало 106 барања.

Субвенциите се од 50 до 75 проценти, во зависност од возраста на земјоделецот и местото на насадите, а поддршката може да биде најмногу до 2,5 милиони денари по корисник.

Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на парите со ист број на бодови се рангираат според датумот и времето на аплицирање.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close