fbpx
Вести

Најдобрата храна што треба да ја консумирате во ноември

Во ноември можете да најдете многу свежи продукти за одржување на здравиот режим на исхрана, а пред нивниот избор да се намали на минимум во зимските месеци, еве што би препорачале да се најде месецов на вашата трпеза:

1) Зелка

Сите видови на зелка (зелена, црвена и сл.) се корисни бидејќи содржат големи количини на витаминот Ц, калиум и фолат. Црвената или виолетова зелка има високо ниво на антоцијанини, флавоноиди кои имаат силни антиоксидантни карактеристики.

2) Брусница

Брусницата е одличен извор на витамин Ц, растителни влакна, манган, како и витамините Е, К, Б5, и бакар.

3) Даикон

Даиконот е роднина на попопуларните брокула и прокељ, а придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на воспаленијата и подобрување на варењето. Од неговите листови може да се прави салата, а најпознат е по големиот корен кој може да се јаде и кој обично се јаде закиселен во Јапонија, Кина и други азиски земји.

4) Калинка

Овој плод е богат со витамин Ц, помага при превенција од Алцхајмеровата болест и канцерот, а неговиот сок содржи поголемо ниво антиоксиданси од повеќето овошни сокови.

5) Слатки компири

Слатките компири доаѓаат во разни бои и вкусови, а преполни се со витаминот А, во некои случаи содржат и до 90% од дневната потреба од него. Исто така имаат витамин Ц, влакна и калиум.

 


 

idividi.com.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close