fbpx
ВестиВиноТоп вести

Лозарите стравуваат да не ги снајде и нив судбината од овоштарите

 

Додека овоштарите во Росоман ги сечат праските, а преспанските јаболкари уште не знаат како да се спарават со останатите количини на јаболко, па ги фрлаат во вода, лозарите од тиквешијата се плашат да не ги снајде и нив слична судбина.

Лозарите велат дека можно е повторно да се јави проблем со откупот на винските сорти грозје. До оваа констатација доаѓаат од сознанијата за наводно големи залихи на вино во винарските  визби. Ако е тоа така ќе се откупуваат значително помали количини на грозје.

За сега лозјата се во добра кондиција и доколку  заради променливото  време не се јават болести на виновата лоза, се очекува добар род, вели Зоран Пешков, лозар од Ресава.

Од оваа реколта се очекува род над еден милион и двесте  илјади килограми грозје. Винарските визби слабо склучуваат договори со производителите што ги тера да се сомневаат дека можни се проблеми. За да не дојде до тоа и да се избегнат и најмали сомнежи лозарите сметаат дека државата треба со време да реагира. Лозарите предлагаат вишокот на грозје да се чува во дестилатори, каде ќе може да стои подолг период , со што ќе има цена грозјето и нема да изгуби на квалитетот.

Исто така тие сметаат дека треба да има извоз на грозје со минимална царина, со што бенефит би имале и помалите производители на грозје, а не само големите винарски визби.

 

Лозарите укажуваат и на еден старо – нов проблем во врска со наводнувањето во тиквешијата. Укажуваат на дефектите предизвикани со градбата на новиот пат Градско Прилеп, каде е пресечена каналската мрежа и не може д се наводнуваат земјоделските површини. Производителите реагираат дека им доаѓаат фактури за потрошена вода, а вода не искористиле. За ова било разговарано со министерот за земјоделство Љупчо Николовски, градоначалникот  на Кавадарци Митко Јанчев и директорот на водостопанство Ристо Манов. Било договорено добиените фактури за потрошена вода која фактички не е потрошена, да се однесат во ПЕ на МЗШВ во Кавадарци за да бидат поништени.

Лозарите се надеваат дека нема да ги снајде истата трагедија како  онаа на другите  овоштари.

П.Ј.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close