![lozje](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/lozje.jpg)
Вести
Лозарство – календар за месец април
Во овој период кроењето на лозјата веќе треба да биде завршено.
Доколку не е извршена пролетна обработка и внесување на ѓубрива, потребно е во текот на овој месец да се заврши со таа агротехничка мерка.
Треба да се користат комбинирани ѓубрива со брза апсорпција. Потребно е да се започне со првите обработки на почвата и уништување на плевелите.