Нови рокови за набавка на добиток

(Oвој напис е објавен на: August 22, 2017)

До први септември е последниот рок за поднесување на барања за субвенции за набавка на добиток и за подигнување нови насади. Сточарите кои ги исполнуваат условите имаат право на повраток на сретствата во висина од 50 проценти од вредноста на купениот добиток.

Неповратната финансиска помош останува на 50 проценти од трошоците за набавката на високо стелни јуници, со исклучок на расата буша, и за машки и женски приплодни грла овци, кози и свињи.

Последниот рок за поднесување на барањата е продолжен и наместо до март ќе трае до први септември 2017 година.

Субвенцијата се однесува за набавените животни за периодот од 1-ви октомври до 31-ви декември 2016 -та и од 1-ви јануари до 31-ви август 2017-та година.

Истото важи и за крајниот рок за барањата за исплата на финансиската поддршка за подигнати нови повеќегодишни лозови и овошни насади и медоносни растенија на нови површини.

Одобрените прифатливи трошоци по барање на корисникот, може да се исплатат на две рати или според фазите на реализирањето на инвестицијата.