Сто грама лубеница содржи 10 отсто шеќер, 90 отсто вода, 20 милиграми бета-каротен, 0,5 милиграми железо, 7 милиграми калциум и 10 милиграми фосфор и околу 20 калории
Не само што е прва асоцијација и вистинско освежување во долгите топли летни денови, лубеницата помага во зачувување на здравјето на срцето.
Истражувачите од Универзитетот Кентаки и Пердју поделиле лабораториски глувци во две групи. И двете групи ги хранеле со намирници богати со холестерол и заситени масти (фактори кои докажано придонесуваат за болест на крвните садови). Разликата е во тоа што на едната група „испитаници“ им давале вода која содржи два проценти сок од лубеница, додека втората група добивала вода со раствор, која содржела еднаква содржина на јаглехидрати, како и сок од лубеница.
Лубеницата е богата со ликопен, антиоксидант кој и дава специфична црвена боја. Истражувањето покажало дека консумацијата на слатка лубеница може да го заштити срцето и крвните садови преку неколку важни фактори. Глувците кои пиеле мешавина на вода со раствор имале речиси за половина пониско ниво на лош холестерол, ЛДЛ. Глувците кои пиеле сок од лубеница за 30 отсто помалку се здебелиле од другите глувци. Исто така, насобирањето на наслаги во артериите на глувците, кои пиеле сок од лубеница било за 50 проценти помало, а, исто така, било забележано и повисоко ниво на цитрулин – аминокиселина, која има способност да ги опушта крвните садови.
Лубеницата е богата со ликопен, антиоксидант кој и дава специфична црвена боја (исто како и кај доматите) и го намалува ризикот од развој на рак на простата. Сто грама лубеница содржи 10 отсто шеќер, 90 oтсто вода, 20 милиграми бета-каротен, 0,5 милиграми железо, седум милиграми калциум, и десет милиграми фосфор и околу 20 калории.