Лудо тесто, им успева секогаш на сите
„Чудо“ кое што може да стои во фрижидер цела недела
Од лудо тесто можете да направите најразлични печива.
Лудото тесто за многумина е сеќавање на осумдесеттите и деведесетите, кога соседите си разменувале рецепти за тоа „чудо“ што може да остане во фрижидер една недела, а некои велат и подолго. Доколку сакате солени или слатки печива, ви предлагаме да го пробате овој рецепт кој секогаш функционира за секого и е практичен. Замесете меко тесто со евтини состојки и секогаш имате подготвено пециво, дури и за неочекувани гости.
Состојки:
– 500 мл топло млеко
– 30 гр свеж квасец
– 1 лажичка шеќер
– 1 лажичка сол
– 1,3 кг брашно
– 400 мл јогурт
– 2 жолчки
– 100 мл масло
Подготовка:
Во садот истурете 250 мл топло млеко, потоа додадете шеќер, една лажица брашно и издробете го квасецот. Добро измешајте и оставете да се активира. Во друг сад измешајте го преостанатото брашно, додадете масло, преостанатото топло млеко, изматените жолчки, јогуртот и солта. Измешајте ги состојките, па додадете го активираниот квасец и замесете мазно тесто. Тестото обликувајте го во топка, па премачкајте го со масло од сите страни. Ако сакате веднаш да направите нешто од тестото, тогаш покријте го и оставете го да нарасне 45 минути.Ставете го во кесичка која исто така сте ја премачкале со масло. Можете да го чувате во фрижидер до една недела.https://nezavisen.mk/