вестиСовети

Лушпата од јаболкото – тајно оружје против рак

 

Јаболкото е еден од најздравите плодови. Покрај многуте бенефиции кои ги носи, научниците тврдат дека помага и во заштитата од рак.

Но, тие предупредуваат дека во заштитата која ја носи, клучна улога има самата лушпа на јаболкото. Тестовите спроведени на Универзитетот во Висконсин покажале дека антиоксидансите кои ги има во лушпата на јаболкото можат да го забават растењето на клетките на ракот на дојка и ракот на простатата.

Во текот на експериментот, научниците набљудувале што им се случува на канцерогените клетки кога ќе дојдат во контакт со екстракт од јаболко од сортата гала. Тие откриле дека клетките на ракот на дојка и ракот на простата растат многу побавно и живеат пократко откако ќе бидат изложени на екстракт од лушпата на јаболко од сортата гала.

Јаболкото дефинитивно е храна што не треба никогаш да ја лупите.


 

mtm.mk/zdravje i fitness

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close