fbpx
ВестиВино

Кривична од „Повардарие” за Цветков, Костадиновски и Делев

vino

Кривична пријава за измама и злоупотреба на службена положба и овластување против поранешниот министер за земјоделство, Михаил Цветков и поранешните заменици-министри за земјоделство и за економија, Ванчо Костадиновски и Христијан Делев, поднесе винарската визба „Повардарие” од Неготино до Основното јавно обвинителство.

Според пријавата, Цветков, Костадиновски и Делев настојувале „Повардарие“ да откупи што поголема количина грозје од лозарите поради предвремените парламентарни избори. За тоа  ветиле исплата на субвенциите веднаш, но и ургенции кај министерството за финансии да не покренува постапка за долгот што го имала и што планирала да го плати кон царинската управа. Тројцата владини функционери ја наговарале винарницата, наместо да го плати долгот кон царинската управа, со тие пари, околу еден милион евра, да откупи грозје. Верувајќи им, „Повардарие“ така постапила и како што стои во кривичната пријава, откупила 23 милиони килограми.
Но, по откупот на грозјето следело поведување стечајна постапка од страна на министерството за финансии, а до денес на винарницата не и се исплатени ниту субвенциите кои по закон и следуваат. За да избегне стечај, винарската визба морала да го намири долгот кон царинската управа.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close