fbpx
Вести

Магла на Буково и Стража, се препорачува внимателно возење

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Буково е намалена до 50 метри, а на планинскиот премин Стража од 60 до 80 метри. Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

magla na bukovo i strazha se preporachuva vnimatelno vozenje

 

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15 Ноември 2015 година започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март 2016 година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close