вести

Македонија ќе извезува говедско месо во ЕУ

popovski

Македонија и официјално е ставена на листата земји кои може да извезуваат свежо говедско месо во Европската унија, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски. Како што рече, ова значи освојување нови пазари, но и шанса повеќе за реализирање нови домашни и странски инвестиции во секторот.

Македонија ќе може да извезува свежо говедско месо во ЕУ. Од месецов, земјава и официјално е ставена на листата на извознички, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Според нив, ова е можност за освојување на нови пазари, но и можност за реализиарње домашни и странски инвестиции и за зголемување на висококавлитени товни раси.

Првиот човек на Агeнцијата рече дека со засилени контроли на граничните премини се контролира увозот на месо.

Од јануари годинава земјава е ставена и на листата за извоз на јајца, живина, живинско месо и риби на пазарите во ЕУ. За извоз на свинско месо и производи од свинско е неопходно земјава да добие статус на слободна од болеста класична свинска чума, како и да ја прекине политиката на вакцинација на свињите против оваа болест.


 

МРТВ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close