fbpx
Вести

МАКЕДОНИЈА НА „СТЕНД БАЈ“: Косово уште не ги симнува царините, земјоделците трпат

Доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето уште се наоѓаат на листата со зголемени царини воведени од Косово.

Земјоделците трпат огромни штети, а надлежното министерство се уште чека косовската влада да ја повлече не делумно, туку целосно царината за одредени производи.

Од Белград министрите од регионот по состанокот ја повикаа Косовската страна да ја повелече одлуката, а ако тоа не се случи тогаш секоја земја, само ќе носи одлуки за реципрочни мерки.

Николовски и неговите колеги од регионот дадоа согласност  да се формира оперативно тело кое ќе има задача да работи на решавање и укинување на сите трговски бариери во регионот, се до стапување на сила на Додатниот протокол 7 од ЦЕФТА Договорот, кој предвидува механизми за решавање спорови.

Во текот на вчерашниот ден ниту еден камион со земјоделски производи не ја преминал границата.

Македонија да возврати со контра мерки побараа и од Стопанската комора.

Штетата која би можеле да ја претрпат македонските компании изнесува приближно 1,3 милиони евра и е ненадоместива.


 

фактор

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close