fbpx
ВестиМакедонија

Македонија се приклучува на гасоводот од Грција

Македонија ќе учествува во изградбата на терминал и гасна централа за течен природен гас Александропулос

Македонија ќе учествува во изградбата на терминал и гасна централа за течен природен гас Александропулос. Вложувањето е дел од проектот за воспоставување нов енергетски пазар што ќе го предводи Грција за прием на природен гас, а земјава ќе увезува и ќе биде дистрибутивна точка во регионот со оглед на географската поставеност.

„Владата на вчерашната ја разгледа и усвои потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Северна Македонија во овие меѓународни проекти“, соопштија од Владата. Со овој проект, Македонија и земјите од регионот со релативно мала побарувачка на енергенси ќе може да се приклучат и повеќе да не бидат зависни од само еден извор на енергија.

Развивањето на новиот енергетски пазар и учеството на Македонија во него беше најавено лани во октомври, при посетата на помошник-државниот секретар за енергетика на САД Френсис Фенон. По средбата со премиерот Зоран Заев, Фенон кажа дека регионот во моментов има еден добавувач на енергија.https://sdk.mk/index.php/makedonija/makedonija-nema-da-zavisi-samo-od-eden-izvor-na-priroden-gas-se-prikluchuva-na-gasovodot-od-grtsija/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close