fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Македонија се уште нема национален план за прилагодување кон климатските промени

Климатските промени се одразуваат и врз земјоделството, а над 90 отсто од производителите сметаат дека државата треба да го реши проблемот.

Земјава се уште нема национален план за прилагодување кон новите услови на живеење кои ги предизвикува климатската криза. Ваков план би требало да обезбеди една институција, која ќе биде одговорна за координација на активностите за прилагодување кон климатските промени, наместо растуреност и дисперзија на надлежностите меѓу повеќе институции како што е  случајот во моментов. Овој план ќе мора да обезбеди и силен систем за координирање и комуницирање помеѓу власта и општините, бидејќи целиот товар за обезбедување спроведување ќе падне токму на нив, велат активистите по повод 17 Јуни, Светскиот ден на суша и опустинување.

Климатските промени се одразуваат и врз земјоделството, а над 90 отсто од производителите сметаат дека државата треба да го реши проблемот. Не преземаат ништо зашто, како што истакнуваат, процесите на прилагодување им се многу скапи.

-Во пчеларството најмногу ги чувствуваме климатските промени бидејќи последните неколку години добиваме минимални количини мед, а во одредени региони нема воопшто никакви приноси, па доведено е во прашање и самиот опстанок на пчелните семејства, истакнува Менде Трајковски од Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија.

Според Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција, родот е со се помал квалитет, а сведоци сме и на целосно уништени посеви или овоштарници во зависност од тоа каде ќе зафати невремето.

-Но, и покрај ова, над 90 отсто проценти од земјоделците сметаат дека државата треба да го реши проблемот со климатските промени и не активности за прилагодување кон климатските промени сметајќи дека тоа се премногу скапи процеси, а и нема кој да ги води низ процесот, односно досега немало посебна стратегија за адаптација на земјоделството кон климатските промени, а во последната Национална стратегија за земјоделство и рурален развој првпат се споменуваат одредени мерки и активности за прилагодување на земјоделското производство кон климатските промени, оценува Јоноски.

https://nezavisen.mk/svetski-den-na-susha-makedonija-se-ushte-nema-nacionalen-plan-za-prilagoduvanje-kon-klimatskite-promeni/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close