fbpx
Вести

Страшна измама со земјоделски производи – Боја, силикон и наркотици

hrana

Видео од земјоделци од Индија го шокираше светот. Анонимен одгледувач на зеленчук и овошје покажува страшна пракса на лажирање на земјоделските производи кои се фарбаат со индустриска боја, се прскаат со наркотици и во нив се вбризгува силикон и кислород за преку ноќ вештачки да нараснат и да изгледаат свежи и здрави. 

Всушност станува збор за недоволно созреани плодови кои земјоделците брзаат да ги продадат на пазарите со цел да се изборат со тешките животни услови, високата инфлација и минималните приходи со кои одвај се прехрануваат.

Земјоделската индустрија како и прехранбената индустрија на светски рамки се во голема криза. Капитализмот и мас медиумите наметнаа создавање на лажна слика за храната која мора да биде „светкава“ со совршен изглед на плодовите.

Тоа ги промени и купувачките навики, па така во маркетите најчесто се нудат производи со „совршен“ изглед прималив за око, но никој не внимава на хранливите состојки, како и на регуларните земјоделски циклуси на одгледување на храната.

Вакви измамнички пракси има низ цела Азија, Африка и Латинска Америка, а во САД огромна закана за храната е ГМО производството кое хемиските гиганти се обидуваат да го наметнат и во Европа со што се предизвикуваат трајни последици врз земјоделската почва, а на земјоделците им се уништуваат посевите и им се наложува зависност за купување на хемиски препарати и нездрави семиња кои не се природни.


фактор.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close