fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

МАКЕДОНКАТА КОЈА ЗБОРУВА СО ПЧЕЛИТЕ ГО КРЕНА СВЕТОТ НА НОЗЕ: Приказната на Хатиџе плени во медиумите од регионот

Една третина од храната што ја произведува и консумира човештвото зависи од пчелите. Економските пресметки велат дека работата на пчелите вреди околу 270 милијарди евра годишно, а медот е само вкусен нуспроизвод.

За тоа веројатно поим нема, Хатиџе Муратова, главната протагонистка на македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Филмот го следи животот на оваа 56-годишна, која живее со својата стара и болна мајка во оддалеченото и напуштено македонско село Бекирлија, со две мачки и куче, во трошна куќа, без електрична енергија и вода. Хатиџе е пчеларка, но нејзините пчели живеат во природа, во карпите на околните планини и стебла на дрвјата, вака медиумите од регионот ја опишуваат Хатиче која за 10 дена ќе дознаеме дали ќе добие оскар.

Таа разговара со нив, им пее и зема мед од нив. Притоа, строго се придржува кон правилото „половина за мене, половина за тебе“.

Таа е свесна дека пчелите не смеат да останат гладни и дека само со такво фер споделување може да се одржи природна рамнотежа што ќе им овозможи на сите да преживеат.

Со продажба на мед, таа сака да заработи доволно за да се нахрани себеси и нејзината речиси неподвижна мајка, Назифе. Хатиџе е мудра жена која не се грижи за законите на слободниот пазар, за неа само законите на природата се свети.

Но, дури и на такво, место недопрено од цивилизацијата, Хатиџе ќе ги достигне суровите правила на пазарната економија. На местото пристигнува големо семејство на номадски сточари.За Хусеин, глава на семејство со седум деца, единствениот мотив – е заработка. Конфликтот е неминовен и Хатиџд станува колатерална жртва на алчноста.

Местото каде живее Хатиџ нема вода, нема електрична енергија и поплочен пат не води до него. Ителите на селото припаѓале на турското малцинство, но од 50-тите години на минатиот век, повеќето од нив емигрирале за на крајот да останат само Хатиџе и Назиф.

Местото каде живее Хатиџе нема вода, нема електрична енергија и асфалтиран пат не води до неа. Жителите на селото припаѓале на турското малцинство, но од 50-тите години на минатиот век, повеќето од нив емигрирале за на крајот да останат само Хатиџе и Назифа.

„Јадевме, пиевме, заедно со неа пеевме и плачевме низ годините, затоа што бевме сведоци на смртта на нејзината мајка Назифе“, се сеќава Самир Љума, режисерот на филмот, во едно интервју.

Авторите на филмот дозволуваат животот да ја раскаже оваа повеќеслојна приказна, која не само што е сведоштво за тешкиот живот на Хатиџе, туку и многу повеќе – за односот на човекот со природата, како необјаснивата експлоатација на природните ресурси ќе го уништи целото човештво.

„Сакавме да го искористиме овој документарен филм како алатка во нашата мисија да ја смениме перцепцијата на луѓето за природата и како се однесуваме кон неа. Уште првиот ден, снимавме сцена каде Хатиџе зборува пред пчелите „половина за мене и половина за вас“. На почетокот мислевме дека тоа е своевидна традиција, изрека и не обрнувавме премногу внимание на тоа. Но, кога сфативме дека тоа е нејзината животна филозофија, која се пренесуваше во нејзиното село од генерација на генерација, се роди документарец “, велат авторите.

Токму со оваа реченица, маргиналката Хатиџе од сиромашен македонски крај ја испраќа на светот истата порака што, со многу медиумска помпа, ја испрати лани девојчето Грета Тунберг. Но, за разлика од Грета, Хатиџе не потекнува од богатата и еколошка свесна Шведска, таа не е дете на образовани интелектуалци, ниту зад неа стојат влијателните НВО.

Хатиџе никогаш нема да добие почесни стипендии или да биде на насловните страни на светските медиуми. Никогаш нема да биде поканета во ООН за да одржи говор и никогаш нема да биде номинирана за Нобелова награда. А оваа жена го заслужи сето тоа.

Преку Хатиџе, овој филм нуди горчлива вистина дека оние кои навистина живеат во склад со природата и ја чуваат нашата планета од пропаст, сè повеќе ја губат битката отколку оние кои се гладни за профит. Иако зборува за смртта на пчелите, филмот подеднакво зборува и за причините за сегашниот пожар во Австралија, така и за минатогодишниот во Амазон, кој поради спрега на политиката и капиталот го начна најважниот извор на кислород во светот.

 Kurir.rs/Express.hr

Извор: Фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close