fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За 300 % поскапеа дел од катастарските услуги

Имотниот лист во електронска форма чини 250 денари

Од 15 февруари за упис на новокупен стан во Катастарот, за имотен лист наместо 1.250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба посебен упис на квадратурата на станот, дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата

Вадењето на имотен лист од Геодетско-катастарскиот информациски систем во електронска форма и натаму чини 250 денари, но ако податоците од Геодетско катастарскиот информациски систем се користат за формирање нови производи со додадена вредност во комерцијални цели, висината на надоместокот пропишана со овој тарифник се зголемува за 300 отсто.

Со измените и дополнувањето на Тарифникот за висината на надоместокот за заверка на геодетските елаборати за извршени геодетски работи, кој стапи на сила на 15 февруари, за упис на новокупен стан во Агенцијата за катастар на недвижнини, за имотен лист наместо 1.250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба посебен упис на квадратурата на станот, дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата. Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи дека тоа граѓаните ќе ги чини 3.750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а од Агенцијата за катастар за МИА информирале дека зголемувањето е поради зголемените реални трошоци (за струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои биле основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи. Од Комората на геодетски друштва, велат дека тие уште од лани во декември побарале да се донесе нов тарифник. Од АКН објаснија дека последниот тарифник датирал уште од 2014 година.

Инаку, на крајот на 2022 година, по информациите дека цените на катастарските услуги се зголемени до 500 отсто, директорот на Агенцијата за катастар Борис Тунџев рече дека зголемувањето било меѓу 25 и 30 отсто. По реакциите во јавноста, тогаш Тунџев потенцира дека кај поголем дел од тарифните ставки биле дури и намалени, а со направените промени во методологијата, наместо 5 сега имало само 2 тарифници.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close