fbpx
Вести

Македонски кроасани – хит на најголемиот саем за слатки во Германија

saem

На манифестацијата која траеше четири дена штандови имаа 1650 изложувачи од целиот свет, а ја посетија повеќе од 38.000 професионалци од оваа сфера

Македонската компанија „Жито пром“ годината ја почна со учество на еден од најголемите саеми за слатки во светот ISM кој се одржа во Келн, Германија, а главниот производ со кој се претставија беа кроасаните 4U.

Тие може да се најдат во сите поголеми маркети во земјава, но се продаваат и во Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Италија, Холандија, Норвешка, Катар и Бугарија.

На манифестацијата која траеше четири дена штандови имаа 1650 изложувачи од целиот свет, а ја посетија повеќе од 38.000 професионалци од оваа сфера меѓу кои и производители, дистрибутери, претставници и сопственици на ланци на маркети од различни земји итн.

„Го нарекуваат најслаткиот саем на светот и земајќи го предвид бројот на компании кои учествуваат може да се каже дека името е комплетно заслужено.

Предизвик е да се истакнеш во морето на понуди, но кога имаш добар производ како што се кроасаните 4U и креативност тогаш секогаш може да се постигне посакуваниот резултат“, велат од менаџерскиот тим на компанијата „Жито пром“ од Гевгелија.

Кроасаните 4U засега се произведуваат со вкус на какао, јагода, ванила и кајсија и со мешаните вкусови на какао и ванила и вишна и ванила. Сите вкусови ги има во единечна варијанта, како и во фамилијарно пакување.

„Тајната на кроасаните се крие во внимателно подготвените парчиња со природно кисело тесто наречено мајка, тоа ја зазема главната улога во процесот на печењето на кроасаните. 4U имаат и ИСО 22000 сертификат доделен од една од водечките институции во секторот на безбедност на храната TUV Норд, а се во процес на комплетирање на ИФС, широко применет светски стандард за контрола на безбедноста на храната и степенот на квалитет на производителот.

Во моментов работиме и на нови производи како кроасанот со двојно повеќе чоколадо и премиум варијантата со лешник полнење“, посочуваат од „Жито пром“.


 

плусинфо.мк

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close