fbpx
Вести

Македонските овчари во Хрватска, а албанските во Македонија

Газдите на бачилата се во очај, бидејќи никој не сака да им ги чува овците. За оваа работа се увезуваат луѓе од Албанија, а домашните овчари, во потрага по повисоки плати, заминуваат во Хрватска и во Грција.

makedonskite ovchari vo hrvatska a albanskite vo makedonija

 

Сопствениците на бачилата велат дека недостигот од овчари не се решил ниту со помошта од државата, која ја субвенционира овчарската плата, ниту со зголемувањето на платата што ја добиваат овчарите, a се движи од 300 до 400 евра месечно.

“Од година на година се соочуваме со се поголем недостиг од луѓе што професионално и посветено ќе се грижат за стадата. Македонците што се помлади, одбиваат да работат, a се помал е бројот и на средовечните што прифаќаат да станат овчари. Единствен спас ни се овчарите од Албанија, но и нив можеме да ги ангажираме само на три месеци, бидејќи само толку може да престојуваат во земјава со својот пасош. По овој период, мора да се вратат во Албанија, а нам ни се потребни 365 дена во годината”, вели Тодор Мушев, претседател на Националниот совет на одгледувачи на овци.

Мушев вели дека до субвенциите за овчарска плата тешко се доаѓа и бара од властите да бидат поригорозни во доделувањето на социјалната помош, бидејќи има лица што се работоспособни, но затоа што земаат социјална помош, не сакаат да работат како овчари.

Од Министерството за земјоделство велат дека се запознати со сериозниот недостиг од овчари во Македонија и дека работат на негово решавање.

“Co програмата за рурален развој веќе неколку години по ред се субвенционира овчарската плата. Оваа субвенција е воведена токму за надминување на проблемот и за да се зголеми месечната плата што им се исплаќа на лицата што ги чуваат овците. Парите се доделуваат по критериумот “прв дојден, прв услужен”, а услов е на бачилото да има најмногу до 20 овчари. Предвидената годинашна помош од државата е 300 илјади денари по овчар”, ни рекоа вчера од Министерството за земјоделство.

Според најновата статистика, во Македонија има околу 9.500 стопанства кои се занимаваат со овчарство, а кои располагаат со вкупен фонд од околу 700. 000 овци. За секоја овца се дава субвенција од 1.000 денари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close