вести

МЗШВ ги плати сите заостанати чланарини кон светските организации

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги плати заостанатите долгови од претходни години за членарини во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино (ОИВ), Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО) –во вкупен износ од 137.000 евра.

“Нема да дозволиме да се наруши имиџот на Македонија пред меѓународните институции, затоа што овие Меѓународни организации, се клучни за помош на развојот на македонското земјоделско производство, за креирање и регулирање на мерки за меѓународна трговија на земјоделски производи, и од кои добиваме техничка, стручна и финансиска помош”, изјави министерот Љупчо Николовски.

Со ова се отвара патот на Македонија кон нови грантови, но и експертска помош со цел зголемување на обемот и квалитетот на македонското земјоделство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close