fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Македонските производители (не)информирани за земјоделските иновации

Се нема пари за ѓубрива и трактори, а не пак иновации

Климатските промени ќе го променат и пристапот на земјоделците кон производството и тие ќе мора да се насочат кон примена на нови технологии што ќе овозможат одржливо производство, велат земјоделските експерти. Земјоделците пак, велат дека немаат пари за нови технологии, а им недостасуваат и знаења.

Поради проблемите кои ги предизвикуваат климатските промени, а кои се одразуваат на квалитетот и квантитетот на производството, земјоделските експерти апелираат земјоделците да применуваат иновации и нови технологии кои ќе придонесат за развивање на поеколошко и поефикасно производство.

Но, многу мал дел од македонските земјоделци се информирани за модерните земјоделски технологии и иновации. Дел од нив велат дека не слушнале за новините во земјоделството, а други пак се жалат дека немаат доволно средства за да ги применат новите технологии во својата работа.

Се нема пари за ѓубрива и трактори, а не пак иновации

„Ќе биде тешко земјоделците да ги прифатат промените. Се работи за една популација во поодминати години кои се научени да работат на друг начин, но има и такви кои прифаќаат нови технологии. На пример на почетокот беше чудно да се користи системот капка по капка за наводнување, но еве во струмичкиот регион сега многу се користи. Понатаму почвата се храни со ѓубрива, а многу од земјоделците немаат едукација за тоа колкава количина и во која фаза од производството се ставаат тие ѓубрива“, вели Ристо Велков од Синдикатот на индивидуални земјоделци во Струмичкиот регион.

Тоде Лазаревски од Битолско со години обработува пченица, јачмен и пченка. Вели дека од кога почнал да се занимава со земјоделство, па се до денеска, ја користи истата механизација за обработка на површините, а не размислува ниту да се преориентира кон производство на други култури.

„Јас користам стара механизација и цел живот обработувам житни култури. Не можам да си дозволам нешто помодерно. Годинашната сеидба на пример ми е сеидба без вештачки ѓубрива, зошто цената на ѓубривата драстично се зголеми. Ланската година азотното ѓубре беше 600 денари, годинава е 2000 денари. Не можам да си дозволам некаква земјоделска иновација. Кај нас во Прилепско-Битолскиот крај, има само еден процент од земјоделците кои купиле нов трактор на пример, а да не зборуваме за некои посовремени методи за производство на некои култури, тоа чини и пари и знаење треба“, вели Лазаревски.https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close