fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Македонско село во Горно Нерези уште не е станато стартап село

Македонско село кое чини 6,5 милиони евра и натаму зјае празно и затворено за посетители

Македонско село во Горно Нерези на падините на Водно, кое го измисли владата на Никола Груевски, уште не е станато стартап село. Лани во мај, тогашниот технички премиер Оливер Спасовски презентирајќи го третиот сет економски мерки за справување со коронакризата кажа дека комплексот ќе прерасне во старап село, ќе се постави брз интернет, а етно куќите ќе се пренаменат во простор за заедничка работа. Но, оттогаш помина речиси цела година, а Македонско село кое чини 6,5 милиони евра и натаму зјае празно и затворено за посетители. Од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат велат дека не се откажуваат од идејата овој комплекс да прерасне стартап село, но потребни се дополнителни консултации за да се најде вистински модел тоа да биде одржливо.

„Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со SWISS EP Macedonia и Starт-Up Chile, изработи физибилити студија во која се презентирани неколку модели за функционирање на стартап селото. Од истата, произлезе дека се потребни дополнителни истражувања и консултации, со цел дефинирање на вистински одржлив модел. Фондот за иновации и технолошки развој во моментов работи интензивно со сите засегнати чинители за креирање на целосно функционално стартап село, што ќе обезбеди квалитетен простор за работа, живеење и вмрежување на младите луѓе кои започнале или ќе започнат нов бизнис. Пред неколку месеци беше основан и стартап совет чијшто фокус ќе биде државата да се позиционира како регионален стартап и иновативен хаб, како и трансформација на Македонското село во стартап село“, велат од Владата.

Изградбата на Македонско село почна во 2011, во времето на премиерот Никола Груевски, а беше официјално пуштено во употреба на 22 јуни 2016. Има 12 двокатни куќи. Секоја од нив претставува различен регион од Македонија. На долниот кат од куќите, според проектот, треба да се претстават различните занаети карактеристични за регионите, а горните катови да функционираат како хотел.

Хотел „Квинс“ и „Тинекс“ на ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, во јануари 2016 го добија под концесија од 20 години за месечна кирија од 3.500 евра. Во октомври 2018, престанаа со работа бидејќи, како што соопштија, работеле со загуба и дека таква опција имале во договорот.

Оттогаш, комплексот Македонско село во Нерези е заторен.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/makedonsko-selo-ne-stana-startap-selo-od-vladata-velat-pravat-dopolnitelni-istrazhuvana-za-da-bide-odrzhlivo/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close