fbpx
ВестиВино

Македонско вино и храна на саем во Москва

македонско вино

Македонија со национален штанд ќе се претстави на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2017“, што ќе се одржува од денеска до 10 февруари во Москва.
Настапот на македонските компании е во организација на Македонско-руската стопанска комора (МРСК) и со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На овој настан од областа на производството и пласманот на стока за широка потрошувачка, своите производи ќе ги изложат винарниците „Стоби“ од Градско, „Далвина“ од Струмица и „Кралската винарница“ од Демир Капија, производителите на сирење и кашкавал „Здравје“ од Радово и „Осогово милк“ од Кочани, како и производителот на конзервиран зеленчук и овошје „Вори“ од Гевгелија.

Македонско-руската стопанска комора го организира и самостојниот настап на „Кадино индустри груп“, кој првпат со сопствен штанд ќе ги претстави своите мелнички производи и свежо замрзнати тестенини.
– На националниот штанд на 56 квадратни метри руските увозници и дистрибутери, трговските синџири и најголемите маркети, како и другите деловни луѓе и многубројните посетители, ќе можат да се сретнат со вкусовите на квалитетната македонска храна и врвни вина. Македонско-руската стопанска комора по осми пат, а со државна поддршка шести пат, го организира презентирањето на македонската прехранбена и индустријата на пијалаци, микс што маркетиншки влијае на зголемување на пласманот на македонските стоки на овој голем пазар -вели извршниот директор на МРСК, Дејан Бешлиев.

Во „Експоцентарот“ во Москва, на „Продекспо 2017“, на 100.000 квадратни метри, ќе се претстават над 2.000 компании од 57 земји со 27 национални штанда, меѓу кои и македонскиот.


 

нова македонија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close