fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Македонското јаболко на пазарот во Азербејџан – една од темите на средбата меѓу Николовски и азербејџанскиот колега

Компанијата „Деалтаск фреш“ има свои модерни овошни насади, изградени по сите светски стандарди, обезбедени со системи за наводнување, противградни мрежи и друга инфраструктура, како и најсовремен фрижидер, опремен со ULO технологија, каде што јаболката може да се чуваат подолг временски период – околу 1 година, без губење на нивните карактеристики, со капацитет за складирање до 1. 500 тони јаболка и други видови овошје, пишува во соопштението. Николовски заедно со делегацијата на Азербејџан, при посетата на компанијата, оствариле и средба со претставници од Задругата Крани.

Можноста за извоз на македонските јаболка на пазарот во Азербејџан, била една од темите на разговор на билатералната средба на министрите за земјоделство на Северна Македонија и на Азербејџан, Љупчо Николовски и Мајнун Мамадов.

Токму во таа насока, Николовски заедно со делегацијата на Азербејџан во текот на денот остварија посета на компанијата „Деалтаск фреш“ – Ресен, чија дејност е производство, преработка и трговија со убавите македонски преспански јаболка, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Компанијата „Деалтаск фреш“ има свои модерни овошни насади, изградени по сите светски стандарди, обезбедени со системи за наводнување, противградни мрежи и друга инфраструктура, како и најсовремен фрижидер, опремен со ULO технологија, каде што јаболката може да се чуваат подолг временски период – околу 1 година, без губење на нивните карактеристики, со капацитет за складирање до 1.

500 тони јаболка и други видови овошје, пишува во соопштението. Николовски заедно со делегацијата на Азербејџан, при посетата на компанијата, оствариле и средба со претставници од Задругата Крани.

Станува збор за земјоделска задруга, формирана во мај 2016 година, во село Крани, на темелите на водната заедница А2 Долна Преспа Крани.

Оваа задруга, како што се појаснува во соопштението, денес брои 30 членови со над 130 парцели под овошни насади, а од 2016 година самостојно управува и со системот за наводнување.

– Имавме продуктивна посета на министерот за земјоделство на Азербејџан, Мамадов.

Нашето искуство во процесот за консолидација го пренесовме на колегите од Азербејџан, двајцата министри потпишаа меморандум за разбирање со што ја унапредуваме соработката меѓу двете држави и отвораме нова можност, за пласман на убавите преспански јаболка на пазарите во Азербејџан, се истакнува во соопштението.

Николовски со претставници на Министерството и ФАО заедно со азербејџанската делегација, предводена од помошник на претседателот на Република Азербејџан и раководител на Одделот за економски прашања и иновативна развојна политика на претседателската администрација на државата, Шахмар Мовсумов и Мамадов, биле и во посета на успешно консолидираното подрачје во селото Егри.

– Високата државна делегација на Република Азербејџан овие денови е во официјална посета на Република Северна Македонија, со цел да го осознае подобро процесот на консолидација на земјоделско земјиште.

Процесот за консолидација на земјоделското земјиште подразбира окрупнување на малите расцепкани земјоделски површини, изградба на пристапни патишта и наводнување до секое земјоделско земјиште.

Бенефитите за земјоделците се многукратни од еден успешно завршен процес на консолидација, а токму Егри е првиот успешно завршен проект за консолидација, каде бројот на парцели се намали за скоро четири пати – од 874 парцели, на 260 и целосно изградена инфраструктура, се додава во соопштението на МЗШВ.

Република Северна Македонија е земја лидер во реализирањето на процесот за консолидација.

Проект, започнат уште во 2017 година, кога заедно со поддршка на Европската Унија и ФАО, започна спроведувањето на проектот „МАИНЛАНД“ во вредност од 2. 8 милиони евра.

Денес подготвени планови за консолидација на земјиштето во девет подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево. бд/дма/Фото: МЗШВ .

Извор: МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close