fbpx
ВестиТоп вести

Мал број фарми се легализирани, потребно е продолжување на рокот

На подрачјето  на општина Битола  скоро  половина од поднесените предмети  за  легализација на фарми се решени. Законот за легализација на објекти, оранжерии и објекти за примарно производство на земјоделски производи зврши 2014 година. Непотполните документи во апликациите и недоволната информираност кај земјоделците се причина за малиот број на решени предмети.

„Согласно  Законот за легализација, на подрачјето на општина Битола имавме 120 апликации од кои 88 се од 2013 година, а другите од  2014 година. Половината  од нив  или  околу 54 предмети се решени. Останатите се во постапка,  согласно измените на законот за земјоделско земјиште од 2013 год. Најчесто документите  на подносителите на барањата не им се комплетни согласно пропишаните измени на законот. Немаат елаборат, има баратели кои  ги упатуваме  на парнични постапки во зависност кој проблем го имаат, за да се заврши легализацијата. Потоа  имаме и примери што не се завршени  постапките,  немаат решени  имотно правни  или наследни односи, немаат судска пресуда за наследство, така што кога ќе ги звршат тие работи иако се роковите пробиени, можеме да ги задоволиме нивните потреби за да се упише во Агенцијата  за катастар и недвижности“, вели Горан Буревски од Одделението за имотно правни односи во општина Битола. Како општина, бидејќи спаѓаме во еден регион  каде што земјоделието е развиено, предложивме  рокот за легализација  да се продолжи бидејќи во зададениот рок голем број земјоделци не беа доволно информирни“, додава Буревски.

Според позитивните  законски одредби објектот доколку не е легализиран и  не се аплицирало можно е да се урне. Се претпоставува дека бројот на  не легализирани објекти кои се наоѓаат на земјоделско земјиште е многу поголем. Затоа се планира, ако Владата го прифати предлогот, да се пристапи кон запознавање на што  повеќе  земјоделци да аплицираат и  да ги впишат своите  сопствености  во агенцијата за катастар.

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close