вести

Мал пораст нa цената на сирењето

Во дел од продажната мрежа може да се забележи мал пораст на цената на сирењата. Зголемувањето на цената е од 20-30 денари по килограм. Исто така може да се забележат и големи разлики во цени. Во еден маркет на акција се продава кравји кашкавал по цена од 290 денари, а истиот тој производ во друг маркет е по редовна цена од 360 денари, а во трет, пак, по цена од 380 денари.

mal porast na cenata na sirenjeto

 

Во „Здравје Радово”, кој е и најголемиот производител во Македонија, велат дека во наредниот период се очекуваат стабилни цени на млечните производи.

Во изминативе две години кога во ЕУ имаше значително намалување на цените на млечните производи, кај нас останаа исти. Сега во ЕУ има благо зголемување на цените, но кај нас и во регионот остануваат исти вели Јован Дабевски, директор во „Здравје Радово”.

Благиот пораст на цените во ЕУ, условија поскапи производи на домашниот пазар увезени од овие земји.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close