вести

Малешевските земјоделци ќе формираат здружение

malesevo

Малешевските земјоделци ќе формираат заедничко здружение кое ќе има за цел да ги решава проблемите на земјоделците, но и ќе нудат решенија за нивно надминување со што ќе се придонесе за развојот на регионот, каде овоштарството и сточарството се значајна стопанска гранка од која живеат голем број семејства.

Како што истакна на денешната прес-конференција Габриела Арсова – Милошевска, директор на единствениот преработувачки центар за овошје и зеленчук во Малешевијата „Агромакс“, која е и член на Иницијативниот одбор за формирање на здружението, иницијативата била прифатена од земјоделците и на традиционалната малешевска земјоделска вечер на која биле формирани подгрупите на здружението со претставници од сите земјоделски гранки кои понатаму ќе треба да ги анимираат значајните земјоделските капацитети, а до крајот на месецов, ова здружение ќе биде и правно регистрирано.

– Кога ќе се спомене Малешевијата, веднаш се асоцира на малешевското јагне, малешевското сирење, малешевската слива, убавиот и чист воздух, но и измрзнување на овошните насади, проблеми со врнежите од град кои се јавуваат скоро секоја година, поплавени ниви, болест кај животните, но и проблемите со снабдување со репорматеријали и изолираност на регионот и затоа цениме дека ваквото здружување ќе ни помогне да можеме да лобираме, да ги решаваме проблемите заедно – рече Арсова-Милошевска.

Земјоделците очекуваат со ова здружување да се променат многу работи во оваа основна стопанска гранка во Малешевијата. Драган Џамбаски од Земјоделската задруга „Малешево продукт“ истакна дека преку оваа форма на здружување на земјоделците мора да се променат некои работи во земјоделството во Малешевијата.

– За да функциоира земјоделието мора да имаме форма на здружување, каде ќе се остваруваат правата, бидејќи наш најголем проблем е пласманот, тоа е проблем и со јагнето, сливата, компирот. Во една таква состојба, земјоделецот не може да го истражува пазарот, со него манипулираат самите трговци, а земјоделецот со тоа што го добива за готовиот производ, не може да си ги покрие своите трошоци. Со ова здружување, ќе се чуе гласот на земјоделецот и здружени ќе го следиме пазарот и ќе бидеме единстевни, затоа што сега сме оставени сами на себе – рече Џамбаски.

 


 

нова македонија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close