ВестиЕкологијаМакедонија

До крајот на денот дожд, а на планините снег

УХМР јави дека времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Времето во текот на ноќта и изутринава беше облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Дуваше умерен ветер од јужен, а на планините од југозападен и западен правец. Утрово е претежно облачно, а локален дожд има во западните делови од земјава.

Минималните температури беа над нулата во целата земја. Најниска беше температурата во Лазарополе каде се измерени нула степени. Во Крушево и Маврово се измерени еден степен, во Скопје-Петровец три, во Охрид, Претор и Дебар пет степени, во 6 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, Берово и Крива Паланка шест степени, во Куманово седум, во Струмица, Битола, Гевгелија и Виница осум, во Штип девет, во Дојран 10 и во Демир Капија 11 степени.

До 7 часот изутринава најмногу дожд наврна во 20 Дебар 20 литри на метар квадратен, во Охрид 13, во Крушево 11, во Пожаране 10, во Претор 8, во Тетово и Прилеп 8, во Крива Паланка, Берово, Битола и Крушево еден литар на метар квадратен и помалку од тоа во Скопје, Штип и Виница.

УХМР јави дека времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, доцна попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени. https://nezavisen.mk/nokjeska-i-utrovo-temperaturi-nad-nulata-do-krajot-na-denot-dozhd-a-na-planinite-sneg/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close