fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Maлите градови се замрени, слободните работни места се бројат на прсти

Во Ресен, Пробиштип, Кичево и Демир Хисар воопшто нема слободни работни места.

Во Ресен, Пробиштип, Кичево и Демир Хисар воопшто нема слободни работни места. Ваква беше состојбата за викендот. Едно слободно работно место имаше во Дебар, и по две во Валандово и Свети Николе, додека во Берово имаше три, анализира Фактор.

 

 

Во Македонија има градови каде воопшто нема слободни работни места или тие се бројат на прсти, ако се суди според податоците за слободни работни места по центри за вработување, кои ги објавува Агенцијата за вработување. Сликата е идентична долго време. Во малите градови има многу малку огласи за вработување.

„Нема работа во Ресен. Откако почна пандемијата стана уште полошо. Локалната економија е на нула, и затоа младите бегаат во Хрватска. Еве јас имам дуќан и цела недела ништо не сум продала“, вели жителка на Ресен.

И другите се согласуваат дека иднина нема за младите, работа нема, и затоа секој бара излез.

„Освен во трговија или работа во кафулиња, друго тешко се наоѓа. Нема развој, младите бегаат од Европа до Австралија. Ова лето имаме дури 60 луѓе кои заминаа да берат јагоди во Англија, но тоа не е решението, ни треба народ овде“, рече Борис од Ресен.

Зоран Кочоски од агенцијата Коузон објаснува дека младите од помалите места бегаат во странство, и не мора да е тоа само работа на брод, туку бараат и каква било сезонска работа. Но, тој го наведува и фактот дека во малите средини, дури и ако некому му треба работник, истиот го бара по пат на лични контакти, со објавување на оглас  на својата страница на социјалните мрежи или на специјализираните портали за огласи. Кочоски вели дека дополнително во лето поретко се бара работна сила, освен ако не се работи за угостителство.

„Според мојата проценка во Хрватска имаме 4.500 Македонци кои работат сезонски. Од крајот на март и почетокот на април кон западна Европа имаме полни автобуси и авиони, а ние немаме толку туристи. Сметам дека во тој период од 300 до 500 луѓе ни заминуваат неделно“, рече Кочоски. Повеќе на https://faktor.mk/malite-gradovi-se-zamreni-slobodnite-rabotni-mesta-se-brojat-na-prsti

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close