fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Малите семејни винарии се мојата гордост, вели министерот Николовски

Една таква гордост е винаријата Попови која ја посетивме денеска заедно со министерот за земјоделство на Република Бугарија Јавор Гечев.

Малите семејни винарии се мојата гордост. Иницијативата што ја започнав како министер, за развој на малите семејни винарии, денес вроди со успех, со плод. Една таква гордост е винаријата Попови која ја посетивме денеска заедно со министерот за земјоделство на Република Бугарија Јавор Гечев.
Споделивме уште едно позитивно искуство со нашите соседи. Со грантови од 10.000 евра ги поддржуваме малите производители. Како министерство даваме силна поддршка за да се претстават на светските саеми и манифестации. Доказ за успешните политики кои ги водиме е рекордниот раст на формирани мали винарии, дури 60 годинава.
Со новиот модел за субвенционирање на лозарите покрај основните субвенции како дополнителна субвенција се утврдува и поддршката за винското и трпезно грозје. Наша цел е македонското сортно вино да биде препознаено низ целиот свет.
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 6 луѓе
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close