fbpx
Рурален туризам

Маловиште

Интересна планинска населба со специфична градежна архитектура од крајот на 19 и почеток на 20 век. Атарот на селото се издига до сртот на Баба планина. Населбата е планинска, на 1 172 м надморска височина. Низ неа тече реката Шемница, која формира  забележителен водотек над населбата.

malovishte

 

Од Битола селото е оддалечено 22 км. Кон крајот на 19 век во селото имало 3 000 жители, било доста големо и во него имало дуќани, фурни и се одржувал пазарен ден за соседните села. Селаните правеле јаглен, продавале дрва, имало голем број трговци и друг вид на занаетчии.

Најмногу жители се иселиле по Втората светска војна. Се проценува дека од селото се иселиле над 2 000 жители. Најголем број од нив се доселиле во Битола, Скопје, градовите на поранешна Југославија, па во Лерин и Солун (интернација), во прекуокеанските земји и во Европа.  Во 2002 г. имало 98 жители.

59malovista

Во населбата и нејзината околина има три цркви: Св. Петка, Св. Ѓорѓи, Св. Атансиј и два манастири: Св. Ана (1 400 м надморска височина) и Св. Спас (1 910 м надморска височина). Најпозната, најголема и убаво сочувана е црквата Св. Петка (изградена 1856 г. на стари темели, а големиот и богато изрезбан иконостас е изработен во 1892 г.).

kamp-vo-etnostil-kje-se-gradi-vo-potpelisterskoto-selo-malovishta-167479

Над селото, на 2 км на источната падина, во длабоката и бујна шума е сместен манастирот Св. Ана. Манастирскиот комплекс, познат по својата историска и архитектонска вредност има свои конаци, изворна вода (именувана како света исцелителна вода, чешма и храм со прилично богат иконостас). Дворот е прилично голем, обграден со шума.

ma01

На јужниот врв на Баба планина на најголемата висина е сместен манастирот Св. Спас, што се состои само од еден мал храм и камбанарија. Меѓутоа поради далечината и висината на локацијата (1 910 м надморска височина), храмот повеќе е посетуван од верници –планинари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close