fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Маркетите нема да смеат да имаат акции или производи на промоции до 30 ноември, одлучи министерството за економија

НОВО!!!Оваа мерка се воведува оти трговците на овој начин правеле злоупотреби со цените, а на граѓаните им се продавале производи со краток рок.

Маркетите нема да смеат да имаат акции или промоции на одредени производи, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа мерка се воведува оти трговците на овој начин правеле злоупотреби со цените, а на граѓаните им се продавале производи со краток рок.

„Ова може изгледа како чудна одлука, оти се чини дека ќе им скратиме на граѓаните одредени права, но не е така. Акциите ќе бидат забранети до 30 ноември. Покрај оваа мерка од идната недела ќе следи и замрзнување на цените на прехранбените производи и со тоа ќе има намалување на цените најмалку за 10 отсто“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Одлуката за замрзнување на цените ќе биде донесена наредбата недела. Министерот Бектеши утре ќе има средба и со газдите на маркетите да им ги најави новите мерки.

Вицепремиерот Фатмир Бетиќи денес кажа дека храната на берзанските цени во ЕУ е зголемена за 11 отсто, а кај нас е зголемена за 46 отсто, што не е етички.https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close