Масло од јоргован

(Oвој напис е објавен на: April 24, 2019)

Додека е сезона на јорговани да го поставам рецептот :)
Мирисот на јоргован е еден од најубавите мириси. Го обожавам и мирисот на зумбулите. 
Посакав малку подолго да го имам и помислив на масло од јоргован. 
Шеќер беше скептичен, може не се правело, може не го бивало, но затоа имаме интернет 
и една предебела книга за билки. Малку од овде, малку од таму, испадна дека јоргованот 
не е само за украс и гледање, класична манекенка без памет :D,  туку има и голема улога 
во здравјето на човекот.
Главната примена на цветот од јоргован, т.е маслото од јоргован е за намалување на болки
 од реума.  
Кората на дрвото од јоргован и лушпите на плодот се користат за лечење од маларија, 
за црн дроб (против некроза), лечење на дијареја, одстранување на глисти од цревата....
МЕТФОРМИН е лек кој се добива од јоргованот (одредени видови на јоргован)
 и се користи за лечење од дијабетис тип 2 и за лечење и превенција на тумори 
и канцерогени состојби. 
Во клиничко истражување е забележано дека опитните глувчиња кои добивале 
метформин  во храната имале 57% помалку тумори на црниот дроб од оние 
кои не добивале метформин во храната. Големината на туморите се намалила за 37%.
 Изненадени како и јас,нели? :)
Сепак, пред употреба на јоргованот како лек, прочитајте убаво или 
советувајте се со стучни лица. Секој лек кој не се користи на вистинскиот начин, 
може да биде и отров.

Ајде сега да се вратиме на едноставните и убави работи како мирис, масло, масажа,
 намалување болки од реума ....

Во стаклена тегла ставете ги цветовите од јоргованот. Прелејте ги со маслото, 
затворете ја теглата и оставете на Сонце три недели. Потоа прецедете го маслото, 
складирајте го во стаклен сад (шише, тегла, то ви одговара) и користете го по потреба и желба.
ВАЖНО!!
НЕ ГО ОТВАРАЈТЕ додека не изминат трите недели. Доколку го отворите, 
ќе потемнат ливчињата и нема веќе да мириса убаво. Ќе почне да смрди :(
Толку :)




Share Button