
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Земјоделците бараат од Владата директна помош од 10 денари за килограм пиперка – куртовска капија
Земјоделците бараат оваа финансиска помош да биде исплатена најдоцна до средина на ноември 2026 година.
Во објавата на Месно здружение на млади Муртино стои
ГРАДИНАРИТЕ СЕ НА КОЛЕНА! Со овие цени и приходи земјоделците нема да можат да ја поминат годината а камоли да инвестираат во нова реколта! Интервентна помош е НЕОПХОДНА!
Бараме со одлука на Влада да се обезбеди директна финансиска помош за градинарите од 10 ден/кг односно: 20 000 ден по декар за засадена површина “куртовска капија” и 5 ден/кг за количините предадени во преработувачки капацитети.
Со оглед на итноста на ситуацијата, бараме оваа финансиска помош да биде исплатена најдоцна до средина на ноември 2026 год.
Ова е последна шанса да се амортизира колапсот на градинарите и да се створат основни услови за подготовка за следната сезона, во спротивно колапсот е неизбежен.
НИЕДНА ВЛАДА НА СВЕТОТ НЕ СМЕЕ ДА ДОЗВОЛИ ТАКВО ЦРНО СЦЕНАРИО ВО СВОЈАТА ДРЖАВА!
Јавно ги повикуваме премиерот Христијан Мицкоски, министерот Борче Серафимовски (и владата да се одважат и во најскоро време да ја обезбедат оваа финансиска помош која му е најпотребна од било кога на македонскиот земјоделец!




